ЗабаваПопуларно

(ФОТО) Ова лековито езеро се смета за „турски Малдиви“: Го истражуваше и НАСА

Езерото Салда, кое во последно време ја носи титулата „турски Малдиви“, се смета за идеална дестинација за сите што сакаат да побегнат од летните горештини.

Ова природно богатство не само што нуди засолниште од високите температури, туку и овозможува уживање во лековитата кал и уникатниот пејзаж.

Дом на „живи фосили“

На оваа локација може да се пронајдат и таканаречени „живи фосили“, познати како строматолити, кои даваат увид во еволутивната историја на планетата. Овие древни структури се едни од првите физички докази за постоењето на животот на Земјата.

Строматолитите даваат претстава за тоа како можела да изгледа Земјата пред неколку милијарди години, кога овие фосили првпат се формирале. Обично се наоѓаат во близина на езера со висока концентрација на сол, но Турција е позната по тоа што го има најголемото слатководно наоѓалиште на овие живи фосили.

НАСА го истражувала езерото Салда

Турски и американски научници, во соработка со експерти од НАСА, ги истражувале бреговите на езерото Салда и откриле седименти формирани од микроби.

Научниците од НАСА утврдиле дека карпите и минералните наслаги пронајдени во езерото имаат сличности со оние што би можеле да се најдат на Марс. Ова откритие го прави езерото Салда уште пофасцинантно за истражување.

Езерото како од друга планета

Иако често го нарекуваат „турските Малдиви“, езерото Салда е вулканско и не се одликува со високи температури.

Се наоѓа на надморска височина од 1.160 метри и е познато по својата лековита кал, за која се препорачува на лица со дерматолошки заболувања, како и на сите што сакаат да уживаат во глетката на ова природно чудо, кое, според научниците, изгледа „како да е од друга планета“.