ФОТО | Пред и потоа: Швеѓанката Алисија потрошила 100.000 фунти на операции: ’Сакам да бидам што попластична, како Барби‘
Швеѓанката Алисија Алмира (32), која живее во Обединетото Кралство, досега има потрошено речиси 100.000 фунти за да се трансформира во она што самата го нарекува „пластична кукла по нарачка“ и „традиционална бимбо девојка“. Нејзиниот пат на трансформација го започнала на 21 година, а во текот на изминатите десет години имала бројни естетски интервенции – повеќе операции за зголемување на градите, ринопластика, филери на челото, околу очите, во образите, вилицата и усните, како и ботокс.
Од некогашна природна русокоса, Алисија целосно се претворила во она што го нарекува „пластична кукла по мерка“, а промената гордо ја прикажува на својот Instagram профил.
На Instagram има повеќе од 94.000 следбеници, а себе се опишува како „традиционална бимбо девојка“.
– Гордо ги враќам старомодните вредности, но во бимбо стил – напиша таа, позирајќи со розово-црвена торта на која со шлаг пишуваше „Bimbo“.
Терминот бимбо традиционално се поврзува со жени кои негуваат специфичен, често пренагласено женствен изглед – тоа вклучува голем бист, долги (често руси) екстензии, силна шминка, вештачки трепки и облека која ја истакнува фигурата, обично во розови, пастелни или сјајни бои.
Алисија, која заработува значителна сума преку својата OnlyFans страница, отворено вели дека сака да изгледа што попластично, и дека нејзина цел е да натера и други девојки да го направат истото.
Претходно изјавила дека верува оти „улогата на жената е да му угодува на својот маж“ и дека треба да биде најдобрата можна „трофејна сопруга“ – термин што се користи за жена која е во брак или врска со богат, често постар маж, при што нејзиниот физички изглед се смета за нејзина главна „вредност“.
Редовно објавува провокативни фотографии во минимална облека, а тврди дека изгледа како Барби кукла.

– Го избришав она што бев за да станам пластична бимбо девојка. Постојано се борам со стигмата, и треба многу храброст да останеш верен на своите убедувања, соништа и начин на живот кога тие се сметаат за „контроверзни“. Интересно е што моите убедувања се нарекуваат контроверзни, иако всушност се спротивно – тие се традиционални – напиша на социјалната мрежа X.
– Отсекогаш сум била привлечена од екстремностите и сакав да изгледам како бимбо девојка. Некои мислат дека сум луда, но не жалам за операциите. Всушност, сакам градите да ми бидат уште поголеми. Сакам да изгледам што попластично и да ги инспирирам другите девојки да направат истото. Не верувам дека некогаш ќе престанам со операциите – тие се голем дел од мене. Бимбо девојките не стареат, тие само стануваат сè попластични – додаде таа.

Во интервју за Truly, Алисија изјавила дека луѓето треба „да се откажат од феминизмот и да ја прифатат женственоста“, отворено прогласувајќи се за антифеминистка.
– Не се согласувам дека мажите и жените треба да бидат сосема исти. Верувам дека улогата на жената е да му угоди на својот маж и да биде најдобрата можна трофејна сопруга. Сакам да му готвам, да ја чистам куќата, а тој нека поправа автомобили и коси трева – изјави таа.

Алисија вели дека уште од деветгодишна возраст сакала да изгледа како „бимбо“, инспирирана од ликовите од данската серија King’s Girls. Израснала во традиционално семејство и го задржала својот природен изглед сè до заминувањето на студии во Копенхаген на 18 години. Таму започнала со тетоважи, а со време се насочила кон сè поекстремни естетски зафати.
– Во денешното општество победуваат оние кои најгласно зборуваат … но ако доволно долго молчиш, сфаќаш дека не сум единствена со овие убедувања.
– Повеќето луѓе едноставно не сакаат да се соочат со осудите што доаѓаат кога отворено ги искажуваат своите ставови, и не ги обвинувам поради тоа.

– Знам дека мојот начин на живот и моите верувања не се за секого, но сепак стојам зад сè што сум кажала. Целосно верувам во традиционалните родови улоги и во тоа дека жената треба да ја прифати својата женственост – заклучи таа на X.
На 25 години, Алисија собрала околу 3.500 фунти за да ги вгради првите импланти и да ги зголеми градите од корпа D на J, иако е висока 168 см и носи број 36.

Според нејзина проценка, досега има потрошено речиси 100.000 фунти на естетски и пластични зафати.
За разлика од своето конзервативно семејство, 32-годишната вели дека би ги поддржала и своите деца доколку посакаат да го следат нејзиниот пат.
– Ако мојата ќерка навистина посака големи гради и сè останато, лично би ја однела кај хирург – изјави таа.
