(ФОТО) Сара поради естетска корекција помина низ хорор – заврши во болница
Сара Урадо Грасија доживеа вистинска драма по вадењето на филерите од усните – толку ѝ отекле, што корисници на интернет ја споредиле со „крастава жаба“.
По естетската интервенција, Сара итно била префрлена во болница, а своето искуство го сподели на социјалните мрежи, каде нејзиното видео собра над 11,9 милиони прегледи и 1,5 милиони лајкови. Во видеото прикажала две фотографии – пред и по вадењето на филерите.

И покрај шокантното искуство, Сара успеала да го задржи духот и шеговито го опиша насловот на објавата: „Сè уште се смеам, сè е во ред“.
Потоа открила повеќе детали од целиот процес.

На видеото прво се гледа фотографија на која ѝ се нанесува крема за анестезија. Но, веќе на следната слика – целосна трансформација: усните ѝ се ненормално подуени. Следат фотографии каде Сара плаче, а плунката ѝ тече по маичката.
Сара подоцна примила терапија во болница и, за среќа, состојбата се нормализирала. Филерите ги имала поставено околу една година пред да реши да ги отстрани, пренесува NeedToKnow.

Коментарите на интернет не изостанаа – корисниците на социјалните мрежи масовно ги споделуваа своите реакции:
- „Monsters Inc“
- „Оваа плунка што тече … уф“
- „Не ми го кажувај тоа, имам закажано во вторник“
- „Извини, но на четвртата слика не можев да се воздржам од смеење“
- „Вистинска крастава жаба “
Случајот на Сара стана вирален, отворајќи прашања за безбедноста и ризиците од естетските интервенции.

