Хит на ТикТок! Ослабела повеќе од 40 килограми и на сите им покажа како успеала
Фитнес-тренерката и нутриционистка Роксана Карабога неодамна се пофали со неверојатно намалување на тежината од дури 43 килограми. На својот ТикТок профил активно ги споделува тајните на нејзината трансформација.
Роксана веќе неколку години детално зборува за својата борба со вишокот килограми, а моментално има повеќе од 700 илјади следбеници на ТикТок.
Пред неколку години, Роксана го роди своето второ дете, а по бременоста одлучи целосно да ги промени своите навики и да ги симне дополнителните килограми стекнати за време на бременоста. Нејзиното патување вклучуваше многу промени – од животниот стил и исхраната, па сè до нејзината професионална кариера.
Роксана, позната како Rooxy, е многу отворена за исхраната што ја практикува. Секојдневно објавува рецепти и идеи за јадења кои ѝ помогнале, а со текот на годините објави и своја книга со рецепти. Нејзината исхрана главно се состои од храна богата со протеини и намалена консумација на јаглехидрати.
Диетата вклучува многу зеленчук како што се моркови, краставици, авокадо, домати и зелена салата, која често ја јаде како ужинка наместо леб. Освен зеленчук, консумира и многу житарици како бадеми, овес и чиа семки, а често јаде и грчки јогурт, крем-сирење и туна. Сепак, Rooxy не се откажала целосно од месото и често го вклучува во својата исхрана.
Дополнително, Rooxy е многу активна кога станува збор за вежбање и го води својот YouTube канал, каде редовно објавува идеи за тренинзи. Најчесто ужива во домашни тренинзи со минимална употреба на опрема за вежбање.
„Пробав да тренирам со хулахоп, но добив модринки и ми беше здодевно. Трчањето е напорно и демотивирачко доста долго“, објасни Rooxy.
„Танцот и домашните вежби неколку пати неделно се лесни и забавни за почетници. Штедите време и пари, а никој не ве гледа како во теретана“, заклучи таа.