ХОРОР ВО РЕСТОРАН: Нарачала коктел, а кога се напила прва голтка – се вкочанила од страв и шок
Карлета Ендруз нарачала коктел Маргарита, но токму кога ја испила првата голтка, почувствувала удар и скокнала од столчето од она што го видела во чашата.
Таа раскажа дека била целосно шокирана кога сфатила што има внатре.
– Го прашав сопругот што се случува, а потоа сфатив дека во чашата има змија! Се движеше и почна да се обвиткува околу сламката – изјавила Карлета.
Не е познато како змијата се нашла во чашата на несреќната жена. Се претпоставува дека влегла во ресторанот преку отворот за клима-уред и завршила на таванот.
Исто така, не е утврдено за каков вид змија станува збор.
Келнерите се обиделе да ја избркаат со стап, но на крајот еден гостин храбро ја фатил со рака и ја исфрлил надвор.
– Се молев да не ми влезе во ташната. Треперев, бев целосно исплашена – додаде таа.
Менаџерот им понудил на брачниот пар да се преместат на друга маса, но тие одбиле. Го напуштиле ресторанот и изјавиле дека извесно време нема да јадат по ресторани, пренесува UPI.