ЗабаваПопуларно

Јас сум домаќинка во Дубаи и вака изгледа СЕКОЈ МОЈ ДЕН: Моето момче има неброени МИЛИЈАРДИ, а еве како живеам – жените велат дека го имам сето она ЗА ШТО ТИЕ СОНУВААТ цел живот

Пернил е атрактивна и убава русокоса која ужива во луксузот, а нејзина главна занимација е – трошење пари. Оваа млада дама живее во Дубаи и моментално е невработена, односно себе се претставува како домаќинка. Најчесто споделува ваква содржина на социјалните мрежи – како изгледа еден ден на домаќинка во Дубаи, а нејзините видеа редовно се многу популарни.

На снимките постојано се фали со раскошниот стил на живот и покажува како деновите ѝ се исполнети со шопинг, посети на плажа, луксузни вечери, ноќни излегувања, пловење со јахта … Пернил вели дека е „домаќинка со полно работно време“.

Од содржината е очигледно дека нејзиниот партнер е исклучително богат – иако никогаш не го покажува. Сепак, има објавено видео во кое му бара уште пари за трошење, бидејќи – како што самата признава – сè потрошила на непотребни работи.

Секој нејзин клип изгледа речиси идентично: брзи и скапи автомобили, бескрајни шопинзи, секојдневно трошење пари на брендирани чанти и чевли, посети на барови и ресторани, патувања низ светот – хедонизам во својата најчиста форма.

Нејзините видеа постојано предизвикуваат дебати во коментарите – дел од корисниците велат дека таа живее нивниот сон и дека така треба да изгледа животот, додека други се огорчени и згрозени од нејзината секојдневица.

Некои од коментарите гласат:

  • „Каква си ти тоа домаќинка кога не правиш апсолутно ништо дома 24 часа?“
  • „Се шегуваш со нас, нели?“
  • „Не ме интересира што велат другите – сакам да бидам ти.“
  • „Гледам што објавуваш и буквално живееш мој сон.“
  • „Многу убаво, но зарем не чувствуваш потреба да бидеш корисна?“
  • „Гледам дека Дубаи ме повикува.“
  • „Дубаи е најдоброто место на светот за трошење пари.“
  • „Апсолутно совршен живот, но не ти ли станува здодевно некогаш?“
  • „И јас сакам да бидам домаќинка во Дубаи.“

Овој „живот од соништата“ на Пернил не остава никого рамнодушен – инспирира, фасцинира, но и провоцира.

Зборови кои не се пронајдени во базата:
Пернил