„Ја послушав својата интуицијата“ – Кристина преку паметен часовник открила дека нејзиното момче ја изневерува со половина град
Видео кое стана вирално – многумина во коментарите споделија свои слични искуства.
Apple Watch има многу интересни функции, а освен што може да ве извести кога сте болни, може и да ви помогне да откриете дали партнерот ве изневерува.
Токму тоа ѝ се случило на Австралијанката Кристина Подолајан, која тврди дека дознала дека нејзиното тогашно момче ја изневерувало со „речиси половина Мелбурн“, благодарение на неговиот Apple Watch.
Во видео на TikTok, Кристина раскажала дека работи како стјуардеса и дека еден ден била на работа, додека нејзиниот дечко отишол на роденденска прослава на својата братучетка, каде што имало многу атрактивни девојки од модниот свет.
„Не му посветив премногу внимание на тоа. Бев на лет, му верував, а и цела ноќ ми праќаше пораки“, раскажува Кристина.
Но, во 3 часот наутро, додека се враќала дома, ја повикала нејзината најдобра пријателка и ја прашала дали знае каде е нејзиниот партнер.
Кога Кристина одговорила дека е на роденденот, пријателката кратко замолчела, а потоа ѝ открила дека го видела во клуб, каде што час време разговарал со иста девојка, по што размениле телефонски броеви.

„Живеел десет различни животи“
Наредниот ден, Кристина го соочила своето момче со случката.
Тој и одговорил дека „не сакал јавно да ја одбие девојката“ и дека „таа му го зела телефонот и сама го внела својот број“.
„Почнав речиси да му верувам“, признава Кристина. „Помислив, можеби претерувам, можеби сум само параноична.“
Сепак, неколку недели подоцна, не можела да го извади тоа од глава. Тогаш забележала дека неговиот Apple Watch стои веднаш до неа.
„Нормално дека ќе го проверам. Интуицијата ми велеше дека треба да го разгледам, затоа што знаев дека ќе пронајдам нешто.“

Кога го отклучила часовникот и влегла во пораките, имала што да види.
Иако нејзиниот дечко ги избришал пораките од iPhone-от, заборавил да го стори истото и на часовникот, каде што сè автоматски се синхронизира.
Открила 20 различни разговори со жени, зачувани под лажни имиња како „Френк од работа“.
Меѓу пораките била и девојката од роденденската забава, на која ѝ напишал дека „раскинал со девојката и повеќе не се заедно“.
„Живеел десет различни животи“, заклучува Кристина.
„Дами, бидете внимателни. Не сте луди ако вашата интуиција ви вели нешто – само проверете му го Apple Watch-от.“
Паметен часовник или уред за шпионирање?
Видеото стана вирално, а многумина во коментарите споделија слични искуства:
- „И јас дознав преку Apple Watch“
- „Така открив дека ме изневерува поранешниот сопруг“
Иако паметните часовници можат да ви бројат чекори, очигледно можат да бидат и алатка за шпионирање, пишува Lad Bible.
Сепак, ако се решите да ги проверувате пораките на партнерот, размислете колку навистина сакате да дознаете.