5 ситуации кои многу добри ги разбираат САМО луѓето со постари души
Станува збор за поединци чии души низ историјата многу пати биле во различни луѓе и виделе многу работи, проживеале и научиле. Поради тоа се посебни и несфатени.
Луѓето со такви души не сакаат да бидат во калапот на социјалните норми и често на другите им делуваат како чудаци.
Ако во некој случај се обидат да се прилагодат на мнозинството само за да бидат прифатени – тоа ќе ги доведе до тоа да се несреќни и да патат во животот. Значи, тие мора да бидат такви какви што се за да се чувствуваат исполнето, и како такви треба да бидат прифатени. Исто така, поединците кои ќе се препознаат како стари души не би смееле да дозволат други луѓе да си играат со нив.
Овие 5 работи ги разбираат само луѓе со стари души:
1. Потреба за изолација
На луѓето со стари души многу им се важни моментите на осаменост. Тие тогаш се полнат со позитивна енергија и „закрепнуваат“ од сè што психички ги исцрпило. Тоа им е многу важно за духовното здравје. Ако им се случи некое време да не успеат да одвојат време само за себе, може до толку да се исцрпат што ќе се разболат. На другите тоа можеби ќе им делува дека тие се недружељубиви или себични.
2. Имаат желба за постојан духовен раст
Духовниот раст и ширењето на видикот им е поважен од среќата и комфорниот живот. Понекогаш дури и се подготвени да минат низ болка, патење и депресија, само за да дознаат нешто повеќе за себе. Тие се склони на ризик и авантури за кои други луѓе сметаат дека не се мудра одлука. Но, играњето на сигурно за нив е многу здодевно. Тие сакаат да го искусат живот полн со подеми и падови, патење и радост.
3. Имаат силна интуиција и склони се да набљудуваат се околу себе
Уште од младите денови таквите луѓе имаат способност добро да ги прочитаат луѓето, многу се интуитивни. Само по гледањето на интеракцијата на некој човек неколку минути тие ќе заклучат за каков карактер станува збор, каков му е стилот на живот, дали лаже, дали се обидува да манипулира, или има скриени намери, дали е тажен, дали има големи проблеми во животот и друго.
Тие како да имаат софтвер кој им овозможува да гледаат околу себе и да преземаат податоци за други души, нивните мисли и енергија. Тоа е затоа што нивните души низ историјата многу пати биле во различни луѓе и многу виделе, проживеале и научиле. Луѓето со стари души почесто се набљудувачи отколку учесници. Во таква улога се чувствуваат најубаво.
4. Бегаат од зададените општествени норми
За нив животот по општествените правила е многу здодевен. Не се склони за групирање како повеќето луѓе, а склоност покажуваат и кон алтернативниот начин на размислување и живеење со што оставаат впечаток на чудаци кај останатите луѓе. Бегаат од празни муабети и озборувања – тоа им е губење на време и енергија.
5. Многу ценат патувања и одење во природа
Тие се благодарни за малите работи, одење на некое ново место или во природа им значи многу повеќе материјалните добра. Свесни се дека животот е минлив и дека купените работи нема духовно да ги исполнат, како на пример кога ќе прошетаат низ некоја шума, пишува „The Earth Child“.