ВестиПопуларно

(ФОТО/ВИДЕО) Автобус со македонски туристи се судри во два камиони во Италија, возачот загина

Автобус со туристи од Македонија учествувал во сообраќајна несреќа во Италија, на автопат меѓу градовите Асколи Пичено и Анкона.

Автобусот е во сопственост на македонска туристичка агенција, при што на самото место починал возачот, додека 12 патници биле повредени.

По судирот , едниот од камионите се запалил во тунелот Винчи, a причините се’ уште се утврдуваат. Се споменува дека едниот од камионите пренесувал алкохол.

За несреќата претходно информираше и македонското министерство за надворшени работи.

Македонските патници се пренесени во болница, пренесуваат италијанските медиуми.