ПопуларноСелебрити

Андреј од ДНК меѓу починатите во трагичниот пожар во Кочани

Андреј Ѓоргиевски од групата ДНК загина во пожарот кој избувна утринава во дискотека во Кочани, пренесува А1он.

Според информациите, Андреј последен пат е виден како втор пат се враќа во дискотеката со цел да спаси повеќе луѓе.

Исто така почина тапанарот на Ѓорѓи Горгиев од струмица во трагичниот пожар. Се уште се трага по пратечкиот вокал, Сара Пројковска.

На својот инстаграм профил Андреј гордо го најави настапот и ја пофали Кочанската публика како една од најдобрите.

Според последните информации, животот го загубија 59 луѓе откако биле користени пиротехнички апарати што предизвикало горење на кровот на дискотеката.