АвтомобилиПопуларно

Трамп: Џо Бајден планира да ја убие автомобилската индустрија

Доналд Трамп тврди дека доколку Бајден биде изгласан за претседател, ќе има вистинско „крвопролевање“ во автомобилската индустрија

На неговиот последен собир, Трамп и изјави на јавноста дека Џо Бајден планира со тек на време производството на автомобили во Америка да згасне.

„Во задните 30 години, Мексико полека, чекор по чекор, ни го презема бизнисот за производство на автомобили. 34 проценти од нашиот бизнис за производство на автомобили е сега во Мексико“

Трамп исто така кажа дека Кина е дел од произведувањето во Мексико

„Кина сега гради две огромни фабрики за автомобили во Мексико и мислат дека ќе ги продаваат тие автомобили во Америка, без да плата данок на граница“

По што испрати порака до Кинезите на својот последен говор: „Претседателу Жи, доколку слушаш, јас и тој сме другари, но знае како водам бизнис. Тие големи монструозни фабрики за автомобили што ги градиш во Мексико во моментов, мислиш дека тоа ќе го завршиш без да вработиш ниту еден Американец и после ќе ни ги продаваш на нас автомобилите? НЕ. Ќе ставиме 100% данок на која било кола што влегува од Мексико, и верувај дека нема да можеш да ги продаваш тие коли кај нас. Се тоа доколку ме изгласате! Доколку не ме изгласате, во најмала рака ќе биде крвопролевање“