Британската јавност во шок: Кејт Мидлтон се појави без вереничкиот прстен
Принцезата Кејт Мидлтон, сопруга на принцот Вилијам, ја посети организацијата „Акција за деца“, каде се сретна со мајки кои ги родиле своите деца во затвор. Сепак, вниманието од самиот настан го одвлече фактот што Кејт не носеше веренички прстен на раката.
Многумина веднаш почнаа да шпекулираат за причината за овој потег. Се шпекулира за проблеми во бракот со Вилијам, а според некои информации принцезата би можела да има посебна причина за тоа. Имено, Кенсингтонската палата уште во 2020 година изјави дека Кејт го соблекува накитот кога ги посетува децата за да спречи потенцијални несреќи.

Не е прв пат?
Кејт во последните месеци неколку пати беше фотографирана без нејзиниот веренички прстен, кој е наследство од мајката на Вилијам, принцезата Дијана. Некогаш го менува со бурмата или со некој друг прстен, па некои шпекулираат дека се работи за практичност. Лаура Кихна, основач на блогот “The Court Jeweller”, претходно коментираше на оваа тема.
“Жените од кралското семејство ги носат своите прстени поинаку од нас. Некои, како кралицата Елизабета, ги носат своите веренички прстени речиси секој ден. Други, како кралицата Матилда и кралицата Мери, редовно носат друг прстен наместо свршеничкиот прстен. А некои, како кралицата Летиција, со години не сме ja виделе со веренички прстен”, изјави таа за Peoplemag.

Минатата година таа покажа нов прстен
Да потсетиме, војвотката од Кембриџ во септември минатата година објави видео во кое открива дека завршила со хемотерапија. Потоа го покажала новиот прстен со кој го заменила вереничкиот. Откако забележале промена на накитот, обожавателите сугерирале дека новиот прстен би можел да биде подарок од принцот Вилијам и да симболизира нов почеток по завршувањето на хемотерапијата.
Ова не е прв пат Кејт да се види со овој прстен. Таа, исто така, го носеше кога му честиташе на тимот на Велика Британија по нивниот успех на Олимпијадата во Париз, што доведе до тоа многу фанови да веруваат дека тоа е венчален прстен.