ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Се околу неа се тресе, а таа не трепка: Кога професионалноста е посилна од земјотресот

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди Тајван во средата, со епицентар на околу 18 километри јужно од градот Хуалиен, а потресите се почувствувани дури и до главниот град Тајпеј.

Многу луѓе беа затекнати од земјотресот, а завладеа општа паника и страв, но не и за ТВ водителката на „SET NEWS“.

Имено, таа остана присебна и во моментите кога стана очигледно дека се околу неа се тресе и се ниша.

И покрај опасноста, водителката покажа неверојатна професионалност, а видеото стана популарно на интернет. Многумина ги изразија своите зборови на поддршка и восхит кон неа.

Најавата ја заврши со потполно смирен тон и им кимна со главата на колегите дека се чувствува добро и е подготвена да продолжи со работа.

За потсетување, смртоносen земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала во средата го погоди Тајван, при што загинаа седум, а беа повредени повеќе од 700 луѓе.

Ова е најсилниот земјотрес што го погодил островот во последните 25 години.