ПопуларноТехнологија

(ВИДЕО) “Apple Vision Pro” успешно искористен за хируршка интервенција во Бразил

За прв пат во Бразил, хирург успешно употреби “Apple Vision Pro” уред за оптимизирање на хируршка процедура

Хирургот Бруно Гобато за интервенцијата изјави: “Операцијата за артроскопија на рамото користи камера во внатрешноста на зглобот, а хирурзите ја изведуваат гледајќи директно во екранот. Со овој уред можев да ја видам сликата на големина на филмски екран со висока резолуција, како и да ги видам прегледите на пациентот и 3D моделите во реално време”.

Експертите очекуваат уредот наскоро рутински да се користи во бразилското здравство.