Владимир Кличко: “Зашто да не може да се смени претседателот?”
Братот на градоначалникот на Киев, и поранешен светски шампион во бокс, Владимир Кличко предложи менување на претседателот откако беше отпуштен украинските командант на вооружени сили, Валери Залужни
Братот на градоначалникот на Киев, Кличко, кој е во Германија, објаснува на западната јавност дека Зеленски може да биде сменет на ист начин како Залужни и ништо страшно нема да се случи.
„Ако врховниот командант на вооружените сили може да биде сменет во време на војна, истото важи и за претседателот, нели? – се запраша боксерот.
Кличко истакна дека му е жал што Залужни бил отпуштен и именуван за амбасадор. Боксерот се потсети и на конфликтот меѓу неговиот брат и Зеленски, кој во изминативе две години никогаш не ја посетил канцеларијата на градоначалникот.
„Претседателот е тој што има проблеми со градоначалникот на главниот град, а не обратно“, посочи тој. Кличко, исто така, истакна дека изборите во Украина не можат да се одложат.
„Но, одлуката за спроведување, се разбира, останува на претседателот“, заклучи тој.
Неговиот брат, градоначалникот на Киев, Витали Кличко, исто така изјави дека го смета разрешувањето на врховниот командант Залужни за грешка.