БизнисПопуларно

Внимавајте што правите: Балканец мислел дека ќе добие профит од биткоин, но останал без неколку илјади евра! На мета биле и Македонци

Хрватската полиција ги предупредува граѓаните да не споделуваат лични и финансиски информации со непознати лица.

Нова жртва на компјутерска измама во петокот е 24-годишник од Хрватска кој преку мобилен телефон му дал податоци за својата банкарска сметка на непознат човек и изгубил илјадници евра, соопшти полицијата на Меѓумурје.

Младиот човек добил повик на мобилен од непознат маж кој му рекол дека вредноста на биткоинот значително се зголемила и дека би било добро да ја повлече таа сума.

Притоа, непознатиот го замолил да му ги даде податоците од банкарската сметка и шифрата, под изговор дека му е потребна за исплата на добивката, а притоа на младиот човек му дал имејл адреса каде може да провери.

Бидејќи 24-годишникот не можел да го отвори линкот на тој мејл, го проверил состојбата на сметката и видел дека од сметката му се земени неколку илјади евра, велат од полицијата.

Слични искуства споделуваат и Македонци, кој добиле повик од странски број и биле убедувани да ја кажат откријат својата сметка во банка.