Возач на автобус извадил пиштол и почнал да пука по патниците: Крвава драма во Мајами, има загинати!
Сè уште не е познато што ја предизвикало расправијата што доведе до пукањето во САД.
Возач на автобус отворил оган и убил двајца патници во Мајами, Флорида.
Полицијата добила итен повик околу 3 часот наутро по локално време.
Според истражителите, возачот на автобусот влегол во жестока расправија со патници кои биле во возилото.
За време на конфликтот, извадил пиштол и пукал во двајца машки патници. Двајцата биле во критична состојба и со хеликоптер биле пренесени во болницата HCA Florida Aventura, соопшти полицијата.

Набргу потоа, двајцата подлегнале на повредите, додаде полицијата. Засега не е јасно што точно ја предизвикало расправијата што доведе до вооружениот инцидент.
Полицијата го задржува возачот на автобусот додека трае истрагата. Сè уште не е познато дали ќе биде обвинет, ниту дали некој од патниците бил вооружен.