Во Германија строго се казнува за ова – внимавајте да не ви се случи!
Во Германија, доколку застанете на автопат затоа што ви снемало гориво или ви се испразнила батеријата на електричното возило, може да бидете строго казнети.
Една од причините за казната е тоа што ваквите ситуации не се случуваат ненадејно – на инструмент-таблата навреме се појавува предупредување дека горивото или батеријата се при крај.

Според германските закони, основната казна за ваков прекршок изнесува 35 евра, но во пракса возачите често плаќаат повеќе.
Ако останете на автопатот подолго од три минути, тоа се смета како паркирање на недозволено место, па казната се зголемува на 70 евра.

Покрај тоа, се добива и еден казнен поен, а казната може да биде уште поголема во одредени случаи.
Конечниот износ зависи од проценката на полицијата – доколку службеникот утврди дека сте се застанале на опасна локација, казната може да биде значително повисока. Дополнително, доколку поради вашето застанување дојде до сообраќајна несреќа, ќе треба да платите и дополнителни трошоци.
