БизнисПопуларно

Во црквата откриено богатство од Триесетгодишната војна, четири вреќи со пари скриени во статуа

Реставраторите на познатата готска црква во Германија откриле богатство скриено во статуа пред речиси 400 години. Четирите вреќи со монети од 1600-тите најверојатно биле скриени за време на Триесетгодишната војна, кога шведските војници често ја напаѓале областа.

Откритието раскажува неверојатна приказна, вели Улф Дрегер, куратор и раководител на одделот во Државната ковница Саксонија-Анхалт. Реставраторите ги пронајдоа парите и богатството пред две години, но откритието беше објавено неодамна.

Богатството било скриено во една од статуите во црквата Свети Андреј во Ајслебен.

Во црквата, Мартин Лутер, протестантскиот реформатор кој напиша 95 тези против корупцијата во Римокатоличката црква, ги одржа своите последни четири богослужби во 1546 година.

Сто години подоцна, околу 1640-тите, некој ја користел црквата како засолниште за богатство. Во шупливиот крак на статуата од песочник се скриени четири вреќи полни со 816 монети.

„Чудо е што богатството не беше откриено порано“, вели Дрегер.

На експертите за монети ќе им треба многу време да ја проценат вредноста на целата резерва, но на прв поглед може да се каже дека има голема вредност.

„Далеку повеќе отколку што би можел да заработи вешт мајстор за една година“, додава Дрегер.

Највредните монети биле завиткани во хартија и означени така што се знаело дека припаѓаат на црковната ризница.

„Меѓутоа, тоа не се пари од донации за време на неделната богослужба, туку она што свештениците го собрале од специјални служби – свадби, крштевки и погреби“, објасни Дегер.