Во Шпанија откриен бродолом од 15 век
Шпанските археолози, кои работеа на ископувањата на поранешниот рибен пазар во Барселона, открија остатоци од голем средновековен брод.
Бродот потонал таму пред 500 или 600 години, кога тој дел од Барселона сè уште бил под морето.
Голем дел од чамецот, долг 10 метри и широк три метри, со повеќе од 30 закривени дрвени ребра, е откриен на длабочина од пет метри под нивото на морето.
Структурата била споена со мешавина од дрвени и железни клинци, а конструкцијата е типична за средновековните чамци пронајдени во Средоземното Море и низ Европа од средината на 15 век, пишува Гардијан.
„Мислевме дека некои археолошки остатоци од чамци може да се појават на ова место, кое е блиску до пристаништето и кејот од вештачки камен што го штитеше пристаништето и беше работна површина во 15-тиот и 16-тиот век. Две години подоцна, имавме доволно среќа да го најдеме бродот“, рече водечкиот археолог Санти Паласиос.
Потонатиот брод, кој го доби името „Цитадела I“ по блискиот парк, е многу кревок, а археолозите го чуваат во влажна средина и покриен со песок за да спречат распаѓање.