Дизели во лер: Ако не внимавате, можете да се збогувате со вашиот мотор!
Каков ефект има долгото работење во место од или бавното возење на дизел возилото – и како правилно да се одржува такво возило?
Во конкретниот случај, станува збор за американски пикап Ford F550 од 2016 година, опремен со 6,7 литарски “Power Stroke” мотор, со само 42.000 километри на часовникот.
Ford-от најчесто се користел како влечно возило на аукциската компанија, па затоа може да се претпостави дека најчесто вил во лер или преместувал други возила околу паркингот.
Иако редовно се сервисираше, спецификите на овој начин на работа беа занемарени.
Работата во лер и бавното возење го зголемуваат абењето на моторот и деградацијата на маслото и другите течности. Затоа, Ford препорачува различни интервали за одржување за возилата кои се паркирани долги временски периоди со вклучен мотор.
Од компанијата наведуваат дека 1 час работење во празно е приближно поминати 40 километри, но доколку возилото постојано е во таков режим, потребно е уште поголемо внимание.
Возилото кое работи 6 часа дневно во место треба да го менува моторното масло на секои 30 дена. Токму затоа Ford ги опремува своите камиони со мерач на работни часови.
Во примерот објавен на YouTube од “Ford Boss Me”, во картерот се насобрала голема количина тиња. Маслото имало сиво-црна боја, што покажува дека се користело многу и содржело многу мали метални честички.
Уништен е и турбополначот поради немање соодветно подмачкување.
Густото, црно масло, кое ги изгубило своите својства за подмачкување и е полно со честички, не може да функционира во модерен мотор кој бара многу прецизни толеранции.
Во овој случај, единственото решение е скапата замена на моторот.