ЗабаваПопуларно

Доби казни од 300.000 евра: „Па јас воопшто немам кола!“

Ситуацијата дополнително се усложнува бидејќи возилата регистрирани на негово име се користеле за криминални активности како грабежи и провални кражби.

Универзитетски професор од Франција, чиј идентитет е украден, се соочи со неверојатни 300.000 евра казни за сообраќајни прекршоци што не ги направил. Професорот стана жртва на кривично дело кражба на идентитет.

Но, ситуацијата дополнително се усложнува бидејќи возилата регистрирани на негово име биле користени за криминални активности.

Неговата агонија, за која ги обвинува француските власти, започна во 2018 година. Според него, додека бил на одмор, полицијата го контактирала за да го извести дека бројни возила регистрирани на негово име биле вмешани во повеќе сообраќајни прекршоци.

Иронично, во тоа време Жилиен немаше автомобил, туку само скутер, пишува “Le Monde”.

Полициската истрага набрзо потврдила дека идентитетот на професорот бил украден. Криминалците отвориле фирма за купување и продавање возила на негово име, користејќи ги неговите лични податоци регистрирајќи дури 300 автомобили.

Тие автомобили подоцна беа вклучени во сообраќајни прекршоци, а со тоа автоматски се поврзуваа и казните.

Професорот поднесе тужба против француските власти, обвинувајќи го државниот систем за сериозни пропусти. Иако доби отштета од 3.000 евра, смета дека тоа е сосема несоодветно со оглед на тоа колкава е штетата што ја претрпел.

Проблеми во системот за регистрација на возила

Една од причините за проблемот лежи во францускиот систем за регистрација на возила (SIV), кој неодамна беше делумно приватизиран.

Таа транзиција доведе до технички проблеми во системот, кој сајбер-криминалците го користеа за кражба на идентитет. Последиците од овие пропусти влијаат на зголемен број возачи во Франција.