Докажано: Недостатокот на желба за секс го скратува животот двојно (ФОТО)
Бројни студии, вклучително и најновата јапонска, сугерираат дека мажите со намален либидо се изложени на висок ризик од прерана смрт.
Либидото не е од суштинско значење само за сексуалните односи, туку и за целокупното здравје, покажала најновата студија спроведена на еден јапонски универзитет, во која биле вклучени повеќе од 20.000 луѓе.
Недостатокот на секс може речиси двојно да го зголеми ризикот од прерана смрт кај мажите, заклучиле истражувачите од Јапонија.
„Истражувавме поврзаност помеѓу либидото и смртноста во нашата популација. Во студијата беа вклучени 20.969 испитаници, од кои 8.558 мажи и 12.411 жени, со просечна возраст од 40 години, кои учествуваа во годишни здравствени прегледи во префектурата Јамагата“, наведоа авторите на студијата од Универзитетот „Јамагата“.
Истражување што траело седум години
Испитаниците биле следени цели седум години, а на почетокот биле запрашани дали имаат интерес за спротивниот пол. Негативниот одговор бил третиран како намален либидо.
Анализата на податоците покажала дека мажите кои немаат интерес за секс имаат 69% поголем ризик од смрт.
Истражувачите ги земале предвид и други значајни фактори, како што се пушењето, консумацијата на алкохол, дебелината, општата здравствена состојба и физичката активност.
Со заклучок дека „овој наод има импликации за важноста на сексуалниот интерес во зголемувањето на долговечноста“, авторите на студијата истакнаа дека се потребни дополнителни истражувања, пренесе научното списание PLOS One.
И други студии потврдиле врска помеѓу намаленото либидо и прераната смрт
Сериозноста на ова прашање ја потврдува и фактот дека ова јапонско истражување не е прво што сугерира дека сексот може да има заштитен ефект врз здравјето на мажите.

Британска студија во која учествувале повеќе од 5.700 лица постари од 50 години покажала дека мажите кои имаат помалку секс имаат за две третини поголем ризик од сериозни заболувања.
Експертите од Anglia Ruskin University откриле дека овие мажи имаат 63% поголема веројатност да добијат дијагноза на рак и 41% поголема веројатност да развијат хронична болест.
Д-р Ли Смит, автор на студијата, како можен фактор го наведува тоа што сексуалната активност е форма на вежбање.
„Важно е да се запомни дека сексот е форма на физичка активност, иако обично се изведува со умерен интензитет, со што согорува околу 3,6 калории во минута“, изјави д-р Смит, додавајќи:
„Секоја физичка активност има здравствени придобивки, а сексот не е исклучок.“
Друго британско истражување, спроведено врз 1.000 мажи во Велс во 90-тите години, покажало дека редовниот секс ја намалил стапката на смртност за околу 50%.
Подоцнежните истражувања за специфични здравствени проблеми исто така покажале дека редовното водење љубов може да ги заштити мажите од прерана смрт.

Сексот го намалува ризикот од срцеви заболувања и рак
Американска студија покажала дека мажите кои често имаат секс имаат до 45% помали шанси да развијат опасни срцеви заболувања во споредба со мажите кои имаат секс само еднаш месечно или поретко.
Други студии поврзале редовна ејакулација – преку секс или мастурбација – со намален ризик од рак на простата. Истражувањата покажале дека мажите кои доживуваат оргазам најмалку 21 пат месечно имаат 33% помали шанси да заболат од рак на простата во споредба со оние кои тоа го прават само 4 до 7 пати месечно, пренесе Daily Mail.
Научниците претпоставуваат дека честата ејакулација може да ѝ помогне на простатата да ги исфрли штетните материи или да спречи создавање на калциумски наслаги, кои се поврзани со ракот на простата.
Недостатокот на секс може да биде штетен и за жените
Одделно истражување покажало дека недостатокот на секс може да има негативни последици и за жените.
Стручњаците откриле дека жените на возраст од 20 до 59 години кои имале сексуални односи помалку од еднаш неделно имале 70% поголем ризик од смрт во рок од пет години.
Придобивките од сексот, за двата пола, се многубројни – подобар сон, зајакнат имунолошки систем, намалување на депресијата и анксиозноста, како и подобро здравје на срцето.
Сепак, многу експерти предупредуваат на претпазливост при директното поврзување на стапката на сексуална активност со ризикот од смрт.
„Можно е намалената сексуална активност да биде индикатор дека некој веќе е болен, пред да му биде официјално поставена дијагноза“, предупредуваат стручњаците.