Еве каков бродолом ќе му се случи на телото ако не спиете само една ноќ: Лекарите предупредуваат на последиците
Недостатокот на сон е поврзан со зголемен ризик од дебелина, срцеви заболувања и дијабетес тип 2 на долг рок.
При нормален сон, крвниот притисок се намалува и крвните садови се опуштаат. Но, анализирајќи ги моноцитите – клетки клучни за одбрана на телото од вируси и бактерии – научниците открија дека недостатокот на сон го нарушува овој физиолошки процес и го ослабува имунолошкиот систем, пишува Дејли мејл.
Главните последици од лошиот сон вклучуваат:
Зголемено воспаление во телото – што може да доведе до хронични заболувања.
Поголема подложност на инфекции – поради ослабен имунолошки одговор.
Зголемен ризик од дебелина – луѓето со слаб квалитет на сон почесто имаат повисоки нивоа на воспалителни маркери во крвта.

Резултати од истражувањето
Студијата е спроведена на пет здрави учесници со нормален индекс на телесна маса (БМИ), кои поминале 24 часа без сон. Со анализа на крвта пред и по експериментот, беше откриено дека само една непроспиена ноќ го зголемува бројот на воспалителни моноцити, кои можат да ги оштетат здравите ткива на долг рок.
Во вториот дел од истражувањето учествувале 237 луѓе со различна тежина, кои една недела носеле акцелерометар за следење на активноста и спиење. Резултатите покажале дека дебелите учесници имале полош квалитет на сон и повисоко ниво на воспаление во телото.
Како да се подобри сонот?
Експертите советуваат дека проблемите со спиењето не треба да се игнорираат бидејќи може да имаат сериозни здравствени последици. Основните упатства за подобар сон вклучуваат:
Одржување редовен распоред за спиење.
Намалување на изложеноста на екраните пред спиење.
Одржување физичка активност во текот на денот.
Создавање мирна и удобна средина за спиење
Научниците истакнуваат дека квалитетниот сон е клучен за долгорочно здравје и дека неговото подобрување може да го намали ризикот од хронични болести како што се дијабетес и кардиоваскуларни болести.

Колку сон ни треба?
Според Фондацијата за спиење, препорачаната количина на сон зависи од возраста:
Деца (3-5 години): 10-13 часа
Ученици (6-13 години): 9-11 часот
Тинејџери (14-17 години): 8-10 часа
Млади (18-25 години): 7-9 часа
Возрасни (26-64 години): 7-9 часа
Постари од 65 години: 7-8 часа