АвтомобилиПопуларно

Еве кога е најповолно да се купи половен автомобил! Еден период во годината е идеален за купувачите: Може да се најдат и под цената

Понудата на половни автомобили зависи од сезоната. Ако го почекате вистинскиот момент, може да најдете поголем избор на возила по пониски цени.

Овој тренд најмногу се истакнува во летниот и зимскиот период, кога значително опаѓа бројот на заинтересирани купувачи.

Јуни е месец со најмала активност на купувачи на пазарот на автомобили

Истражувањето спроведено од компанијата за автомобилски податоци carVertical покажало дека активноста на купувачите на пазарот на половни автомобили варира низ годината. Најмалку автомобили биле проверени на carVertical платформата во јуни, што претставува 7,6% од сите извештаи за историја на автомобили преземени од корисници во текот на годината. Следува декември со 7,8%, а мај учествувал со 8%.

– Намалената активност во мај и јуни може да се припише на сезонски трендови. По зимскиот период, побарувачката за автомобили обично расте бидејќи купувачите размислуваат за замена на своите возила. Но, со доаѓањето на летото, пазарот повторно забавува, бидејќи многумина даваат предност на патувања и престој во природа, наместо на купување автомобил – објаснува Матас Бузелис, експерт за автомобилски пазар во компанијата carVertical.

Во летните месеци, многу продавачи нудат попусти на постари модели за да ослободат простор за новите што пристигнуваат. Тоа е одлична можност за купувачите да го заменат своето возило и да купат понов автомобил по поповолна цена.

Dealer Vehicles in Stock. Brand New Cars Awaiting Clients on the Dealer Parking Lot. New Cars Section.

Најпопуларни месеци за купување автомобили се септември, октомври и ноември

Најголем интерес за купување се бележи во октомври (9,3% од сите проверки на возила на carVertical), ноември (8,8%) и септември (8,7%). Пред доаѓањето на зимата, многу купувачи се решаваат за нов автомобил, па есента е период со висока побарувачка на пазарот на половни автомобили. Поради зголемената побарувачка, цените растат, па купувачите треба да бидат подготвени да платат повеќе ако планираат купување во овој период.

Чекањето на вистинскиот момент може да ви заштеди пари

Крајот на годината е поволен момент за замена на возило. За да ги исполнат плановите за продажба и да се ослободат од резервите на постари модели пред Нова година, авто-салоните често нудат попусти или други поволности.

– Луѓето генерално не сакаат да купуваат автомобили веднаш пред празниците. Бидејќи продажбата е побавна во тој период, купувачите се во предност и можат да добијат подобра цена – вели Бузелис.

Кон крајот на финансиската година, многу компании одлучуваат да го обноват возниот парк, па на пазарот излегуваат повеќе користени службени возила.

По зимата, автомобилскиот пазар се раздвижува и возачите почнуваат да размислуваат за купување ново возило. Со растот на интересот кај купувачите, продавачите сè помалку се подготвени да ја намалат цената.

Иако зимските и летните месеци можат да понудат добри можности за поволно купување, експертите советуваат – не брзајте.

– Купувањето половен автомобил секогаш носи извесен ризик, затоа е важно да се биде рационален, да се истражи историјата на возилото, да се направи темелно пробно возење и преглед во овластен сервис пред да се донесе конечна одлука – советува Бузелис.