Жените воздивнуваа по него, а тој сакаше атрактивна русокоса: Сега e готово, убавецот се разведува (ФОТО)
Марк-Андре тер Штеген се разведува од сопругата Даниела, со која помина 13 години.
Познатиот голман Марк-Андре тер Штеген објави дека тој и неговата сопруга, архитектката Даниела, се разведуваат по 13 години заедно.
Парот ова го соопшти со заедничка изјава објавена од Инстаграмот на спортистот.
Јас и Дани решивме секој да си тргне по својот пат. Оваа одлука не беше лесна, но и двајцата веруваме дека е најдобро. Ќе се фокусираме на она што е најдобро за нашите деца и ќе се обидеме да им обезбедиме здрава животна средина“, се вели во соопштението.
Конечно побарале разбирање и приватност, а како што стојат работите поранешните сопружници ќе останат во пријателски односи.
Даниела важи за многу привлечна жена, која секогаш била во сенка на својот славен сопруг, а нивниот брак никогаш не бил поврзан со никаков скандал, па веста за разводот изненади многумина.
Честопати нејзините објави беа тема на медиумите. Најмногу се зборуваше за нејзиниот атрактивен изглед и секогаш се споменуваше како една од најубавите сопруги на фудбалерите на Барселона.
Марк и Дани се официјално во брак од 2017 година, и имаат две деца, Бен и Том.