ВестиПопуларно

За некоја година ќе се наплаќа и воздухот?: На кафулињата во Шпанија им е дозволено да наплаќаат повеќе за “маса под сенка”

Властите во Андалузија донесоа одлука дека рестораните ќе имаат законско право да наплаќаат повеќе пари за маси на сонце или под сенка.

Сепак, клиентите ќе мора да бидат соодветно информирани за дополнителната цена пред да нарачаат. Цените може да се напишани и на менито или ценовникот.

Сепак, портпаролот на Здружението на потрошувачите, Рубен Санчез изјавил дека рестораните не смеат да наплаќаат повеќе од 10 евра за оваа услуга.

„На рестораните и баровите им е дозволено да наплаќаат повеќе за секое јадење што се служи на терасата сè додека тоа е јасно наведено во ценовникот“, изјавил Санчез.

Санчез исто така рече дека од гостите не треба да се бара да купуваат пакувана вода бидејќи вода од чешма мора да има на располагање.

Потсетуваме, пред неколку месеци медиумите пишуваа за ресторан кој им наплати на родителите бидејќи имале бучни деца, а ресторан во САД почнал да наплаќа повеќе бидејќи трошел прашок за машината за садови.