ПопуларноТехнологија

Земјата полуде – веќе овој месец доаѓа ден каков што човештвото не доживеало

Иако звучи како научна фантастика, сè укажува на тоа дека токму ова лето може да се забележи најкраткиот ден во досегашната историја.

Додека светот се справува со секојдневни предизвици како климатските промени, политичките тензии и технолошката трка, во позадина се одвива еден тивок, но мошне значаен феномен – нашата планета реално ротира сè побрзо. Иако делува неверојатно, постојат силни индикации дека летово би можело да биде забележан најбрзиот ден откако се мери времето.

Според предвидувањата на британскиот астрофизичар Грејем Џоунс, еден од следните датуми – 9 јули, 22 јули или 5 август – би можел да стане рекордно краток ден, пократок за 1,51 милисекунда од стандардните 24 часа. Можеби тоа изгледа неважно, но за ултра прецизните дигитални системи што управуваат со комуникации, навигација и финансиски трансакции, дури и најмало отстапување може да предизвика сериозни проблеми.

Овој феномен не е без преседан – најкраткиот ден досега е регистриран на 5 јули 2024 година, кога ротацијата на Земјата траела 1,66 милисекунди помалку од нормалата. Но, научниците се загрижени не само поради зачестеноста туку и поради тоа што причините за овие промени сè уште се нејасни.

Нешто непредвидливо се случува во јадрото на Земјата

Според Леонид Зотов од Московскиот државен универзитет, сè укажува на тоа дека се случува нешто неочекувано во јадрото на планетата. Можно е да се работи за промени во динамиката на течниот дел од внатрешноста на Земјата, но и за влијанија од површината – океански струи, атмосферски ветрови, тектонски поместувања и топење на глечери. Дури и климатски феномени како Ел Нињо можат да ја нарушат чувствителната рамнотежа на маса и енергија на планетата.

Досега, промените во брзината на ротација на Земјата се прилагодувале со додавање на т.н. „престапни секунди“ за да се усогласи глобалното време со координираното универзално време (UTC). Но, ако ротацијата продолжи да се забрзува, за првпат во историјата можеби ќе биде потребно да се одземе секунда од официјалното време – што би претставувало историски преседан.

Најкраткиот ден досега – светот се менува

Интересен факт е дека во текот на геолошката историја, Земјата постепено ја забавувала својата ротација – во нејзините почетоци, еден ден траел само неколку часа. Но денес сме сведоци на кратки, но измерливи исклучоци од тој тренд.

Научната заедница ширум светот, вклучително и институции како Американската поморска опсерваторија, внимателно ја следи ситуацијата и ги разгледува сите можни сценарија. Без разлика која е причината за забрзувањето, едно е сигурно – промените се реални, а нивното влијание допрва ќе го почувствуваме.

Изгледа дека ќе мораме да се навикнеме и на време што повеќе не тече по ист ритам.