ВестиПопуларно

Илон Маск во борба против Австралија за слобода на говор

Неодама, во Сиднеј, Австралија беше сурово забоден свештеник од страна на исламист. Видеото со осетлива содржина кружеше на Икс (поранешен твитер) по што Илон Маск беше нападнат од Премиерот на Австралија

Имено, премиерот на Австралија Ентони Албанезе и некаков си “комесар за е-безбедност” бараат цензурирање на видеото, во спротивно, според нив, Икс ќе биде задолжен да плаќа 500.000 долари дневно.

Една од главните причини поради кои Илон Маск го купи твитер е за да спречи било каков вид цензурирање. По барањето од Австралија, Илон Маск го цензурираше видеото во границите на Австралија, но тоа не им беше доволно. Од Австралија бараат видеото да е цензурирано на глобално ниво. Барање кое едноставно беше невозможно да се исполни од Илон Маск и Икс.

На својот Икс профил, Илон Маск изјави “Тоа што не загрижива е доколку БИЛО КОЈА држава може да цензурира содржини за СИТЕ држави, како што пробува “комесарот за е-безбедност” на Австралија да направи, тогаш што може да ја спречи било која држава да го контролира целиот интернет?”

“Видеото е веќе цензурирано во Австралија”

Како што можете да замислите, владата на Австралија не беше воопшто среќна што видеото сеуште се прикажува надвор од границите на Австралија.

Една од сенаторките на Австралија, Џеки Лемби, побара апсење на Илон Маск.

Лемби изјави: “Тој Илон Маск незнам на што е за да мисли дека е во ред сеуште да се прикажува тоа видео. Апсолутно одвратно однесување. Да бидеме искрени, дечкото треба да биде сместен во затвор, што порано можеме да направиме нешто за ова, или да воведеме некои правила тоа подобро за нашата држава”

Премиерот исто така даде изјава сопственик на Икс нарекувајќи го : “Арогантен, понесен од егото, и над законот со тоа што ја одби комесарката за е-безбедност”

Сепак на тоа Маск одговори прашувајќи своите следбеници: “Дали комесарот за e-безvедност (неизбран функционер) во Австралија треба да има авторитет над сите земји на планетата?”

За тие кои што го немаат видено видеото за кое што станува збор, кликнете ТУКА. Бидете предупредени дека видеото има потресна содржина.

На која страна сте вие? На страната на Илон Маск и слобода на говор, или на страната на Австралија и цензурирање?