Имаше 30 години, требаше во октомври да стане татко, а сега загина!
Австралиското првенство ProMX беше кобно за Џоел Еванс.
Возачот на мотокрос Џоел Еванс загина на трка во австралиски Аделаида, во рамките на првенството ProMX.
Еванс доживеа тежок пад, по што веднаш беше пренесен во блиската болница. За жал, нешто подоцна пристигна веста дека им подлегнал на повредите.
Веста ја потврди неговото семејство, кое со емотивна објава се прости од Џоел.
„Го изгубивме најискреното, најљубено и најдобродушно суштество. Живееше и го посвети својот живот на овој спорт, кој му носеше толку радост, и возеше до самиот крај. Безмерно сме благодарни за лавината љубов и поддршка за нашиот прекрасен човек. Тој беше сакан партнер, чичко, брат, пријател и син, но најгордо – татко на нашето обожавано бебе кое треба да пристигне во октомври. Ве молиме да го ширите неговото име и да го чувате неговото наследство, затоа што овој неверојатен човек заслужува да биде запаметен низ генерации. Те сакаме, наш мил Џоел“, објави неговото семејство.