Им кажа не на познатите убавици, сега се бакнува со непозната девојка: „Таа се разликува од сите“
Пит Дејвидсон наводно е во врска со девојка која не е славна личност, и иако сето тоа е ново за него, изворите тврдат дека тој навистина е заљубен во неа.
Американскиот актер и комичар Пит Дејвидсон повторно е во врска и е многу среќен, а неговото срце овој пат наводно не го освоила славна личност, туку сосема „поинаква девојка од која било со која бил досега“.
“Таа го почитува него и неговата желба за приватност. Иако сето ова е ново за него, на Пит навистина му се допаѓа оваа жена”, рекол извор за “Page Six”, додавајќи дека мајката и сестрата на актерот се воодушевени од врската и го сакаат Пит таков каков што е во моментов.
Дејвидсон е познат како голем заводник во Холивуд и бил во врска со бројни познати убавици, меѓу кои и Аријана Гранде, која не само што му била девојка, туку и свршеница.
Ги сакаше Кејт Бекинсејл, Каја Гербер, како и Ким Кардашијан со која беше во врска девет месеци, како и многу други.

Неговата последна врска позната на јавноста, пред да го освои „нормална“ жена, беше со актерката Медлин Клајн, а љубовта траеше нешто помалку од една година.
Самиот неодамна изјави дека мисли дека неговиот љубовен живот е повеќе застапен во медиумите отколку љубовниот живот на неговите колеги и други познати мажи затоа што е – „грд“.
“Сите излегуваат со секого и тоа е вашиот Холивуд. Погледнете ги другите… Но, бидејќи сум грд, за мене се пишуваше. Ме малтретираа пет години, тоа беше понижувачко и вознемирувачко”, рекол Пит.