Индиски студент од МИТ направи уред кој дозволува да пребаруваш без глас!
Студент од престижниот Масачусетс Инститиција за Технологија (МИТ) измисли уред кој што не е виден до сега. Имено, тој направи уред кој работи со вештачка интелигенција и на човекот да овозможува комуницира на природен јазик со компјутерски сервиси, AI асистенти а и други луѓе без потреба на користење говор
Со овој нов уред, луѓето немаат потреба од отворање на устата и не мораат да користат гестикулации. Едноставно може да се комуницира со мислење на зборовите, внатрешно.
Уредот се вика „AlterEgо“ и е направен од Арнав Капур, од Индија кој моментално студира Медиумска уметност и наука во медиумската лабораторија на МИТ.
Како што објаснуваат од МИТ, AlterEgо ги фаќа периферните невронски сигнали кога внатрешниот говор е доброволно и невролошки активиран. Ова е добредојдена новост со оглед на тоа што другите слични уреди (или чипови) користат многу по нападни методи за да ги добијат овие сигнали. Како што имаме видено, до невронски сигнали се стига или преку операција на мозок, или преку вбризгување на уред преку крв.
„Ова му овозможува на корисникот да пренесува и прима текови на информации до и од компјутерски уред или кое било друго лице без никакво забележливо дејство, во дискреција, без исклучување на корисникот од нејзината околина, без нарушување на приватноста на корисникот“
По социјалните мрежи кружи вирално видео во кое Капур дава интервју со уредот на него и одговара комплицирани прашања на лице место. Новинарот смеејќи се му кажа „Го имаш цел интернет во глава!“
Веб страната на AlterEgo информира дека тоа е уред претежно за луѓе со препреки во говорот
„Надвор од тоа, системот има потенцијал беспрекорно да ги интегрира луѓето и компјутерите – како што компјутерите, интернетот и вештачката интелигенција ќе се вметнат во нашиот секојдневен живот како ’второ јас‘ и ќе го зголемат нашето сознание и способности“.