ПопуларноХрана и Здравје

Испечете лепче со сирење, путер и лук, верувајте ни – ќе ги воодушевите вашите гости

Лебот е редовен гостин на нашите трпези. Го јадеме во сите прилики, но за оние кои се малку поспецијални, сакаме и малку пофина варијанта на лебот. Многумина ќе се согласат дека нема ништо подобро од она со сирење, путер и лук.

Доколку ви се допаѓа сето горенаведено, задолжително пробајте го овој рецепт за печен леб кој ќе ги воодушеви сите. За него ви треба леб купен од продавница, но можете да си направите и ваш доколку сепак преферирате домашен.

Состојки

1 векна бел леб (или друг по желба)
2 чешниња лук
200 грама омекнат путер
100 грама рендан ементалер кашкавал
100 грама рендана сува моцарела
1 лажица маслиново масло
2 лажици сечкан магдонос
2 лажици сечкан млад лук
прстофат сол
други зачини по избор (масло од чили, рендана кора од лимон…)


Подготовка

Исечете ги краевите на лукот, посолете ги и премачкајте ги со маслиново масло. Завиткајте ги во алуминиумска фолија, ставете ги во рерна загреана на 200 Целзиусови степени и печете половина час. Печениот лук притиснете го во омекнатиот путер, додадете го магдоносот, власецот и другите зачини по желба и убаво измешајте.


Исечете го лебот во форма на мрежа и погрижете се засеците да бидат длабоки, но никогаш не исечете го лебот до крај. Сега намачкајте ја смесата со лук и путер врз лебот, внимавајќи да ја навлечете доволно внатрешноста. На ист начин во шлицовите распоредете го и ренданото сирење.
Ставете ја во рерна загреана на 200 Целзиусови степени и печете 15 минути, односно додека површината на лебот не порумени.
Уживајте во вашиот оброк!