ЗабаваПопуларно

Италијанско село им забранило на жителите да се разболуваат

Во Белкастро, Италија, беше издаден декрет со кој им се забранува на жителите сериозно да се разболат.

Како што јави Би-Би-Си, во селото Белкастро, со 1.200 жители, кое е оддалечено 45 километри од најблиската болница, управата на жителите им наредила да избегнуваат болести.

Во уредбата се наведува дека луѓето кои живеат во Белкастро се обврзани да избегнуваат заразување со каква било болест која може да бара итна медицинска помош.

Селаните беа замолени да не се впуштаат во потенцијално штетно однесување и да избегнуваат несреќи во домаќинството, да не излегуваат од дома премногу често, да не патуваат или спортуваат, туку најчесто да се одмораат.

Градоначалникот Антонио Торчија изјави дека оваа уредба е донесена со цел да се откријат недостатоците во здравствениот систем.

Торчија рече дека потегот е очигледно хумористична провокација, но дека има поголем ефект од итните известувања што тој ги испрати до регионалните власти за да ги истакне недостатоците на локалниот здравствен систем.

Посочувајќи дека повеќе од половина од населението во селото е над 65 години, Торчија подвлече дека најблиската служба за итна помош е оддалечена повеќе од 45 километри.

Тој додаде дека патиштата до болницата претставуваат повеќе ризици од која било болест.