Кога аутфитот ке издаде дека си криминалец
Френк Лукас, еден од црните нарко босови кој владееше со Харлем во седумдесетите се издаде откако за јавен настан се облече прескапо
Френк Лукас, кој можеби го знаете од филмот Американ Гангстер со Дензел Вашингтон, беше еден од најдискретните криминалци во тогашно време. Тој работел со толку дискреција што полицијата немала престава кој е тој се до 1971 година.
Во 1971, на боксинг натпревар на Мухамед Али, тој одлучил да носи капут од чинчила, вреден 100.000 долари.
Подоцна во неговиот живот кажува дека носење на тој капут бил една од најголемите грешки што ја направил во неговата кариера.
Наводно, капутот на Лукас го привлекло вниманието на полицијата, кои биле доста изненадени, не само поради капутот, туку и поради фактот дека тој имал подобри седишта за борбата од Френк Синатра и Дијана Рос.
Како што кажува Лукас, “Таа вечер се вратив дома со мета на грбот”
Во 1976, Лукас беше уапсен за трговија со дрога и осуден на 70 години затвор. Потоа станал доушник по што со фамилијата завршил во прорамата за заштита на сведоци.
Во 2019 година Френк Лукас починал во дом од прирорна смрт.