ПопуларноТехнологија

Лансирана ракетата на Џеф Безос: „Честитки, стигнавме до орбитата!“ (ВИДЕО)

Лансирањето на ракетата „Њу Глен“ од компанијата „Блу ориџин“ на американскиот милијардер Џеф Безос беше откажано пред неколку дена поради технички проблеми. Денеска ракетата конечно беше лансиран во вселената.

Лансирањето означува нова фаза во конкуренција на комерцијалниот вселенски пазар, предизвикувајќи ја доминацијата на Илон Маск, пишува SkyNews.

„Њу Глен сега е во орбитата, а неговите мотори престанаа да работат. Тоа беше главната цел на денешната мисија на Blue Origin. Ја постигнавме нашата клучна, критична цел број еден. Честитки, Blue Origin, ние сме во орбитата!’“, изјави Аријане Корнел, потпретседател за вселенски системи во Blue Origin.

Blue Origin е компанија која основачот на Амазон, Џеф Безос ја основал во истиот период кога Илон Маск, сопственикот на Tesla, а подоцна и на платформата X, ја основал својата компанија SpaceX. Но, компанијата на Маск оттогаш лансираше повеќе од 400 ракети во орбитата, додека таа на Безос допрва треба да лансира, пишува Би-Би-Си.

Безос се повлече од чело на Amazon во 2021 година за да се фокусира на работата на Blue Origin.