ПопуларноСпорт

Лука Дончиќ оди во Лејкерс! Сензационални вести од НБА!

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, еден од најдобрите играчи во НБА, кариерата ќе ја продолжи во ЛА Лејкерс, бидејќи ќе биде дел од големата трампа меѓу двата клуба.

Оваа сензационална вест ја пренесе инсајдерот во НБА, Шамс Шаранија, а набрзо потоа ја пренесоа сите водечки медиуми во Соединетите Американски Држави, а може да се види дури и на официјалната страница на најсилната кошаркарска лига во светот.

Според овие информации, челниците на Маверикс стапиле во контакт со своите колеги од Лос Анџелес во најголема тајност и им ги понудиле Макси Клебер, Маркиф Морисом и Лука Дочиќ, а за возврат ќе ги добијат Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик во драфтот 2029 година.

Во приказната е вклучена и Јута, која ќе го добие Џејлен Худ Скифин, како и по еден пик од втората рунда на драфтот во НБА во 2025 година што им припаѓа на Далас и ЛА Лејкерс.

Причина за ваквата одлука на Маверикс е фактот што Дончиќ во последно време често се повредува и што не е претерано дисциплиниран кога е во прашање исхраната, односно често има вишок килограми.

Во Лејкерси решија да го прифатат тој ризик и да се обидат од Словенецот да создадат играч кој ќе доминира на НБА терените во следната деценија, бидејќи поранешниот играч на Реал Мадрид има само 25 години.

Како што се најавува, Дончиќ воопшто не бил запознаен дека ке оди да игра во Лос Анџелес.

Еве како реагираше Кевин Дурант кога стигнаа до него вестите.

https://twitter.com/adryanashton/status/1885944969808011574