Луѓето се изненадени од тоа како славните родители ги воспитуваат своите деца: Спијат на милиони, ги учат децата да бидат скромни и живеат во двособен стан
Начинот на кој оваа позната двојка ги воспитува своите деца е невообичаен за мнозинството.
Актерскиот пар Ева Мендес и Рајан Гослинг важат за еден од најубавите холивудски парови, а нивниот брак е еден од најстабилните. Лудо вљубени, се венчаа тајно, а по судбоносното „да“, Ева целосно се посвети на семејниот живот и престана да прифаќа филмски улоги.
Ева Мендес на 42-годишна возраст ја роди својата прва ќерка, Есмералда, а две години подоцна со Рајан ја добија ќерката Аманда.
„Отсекогаш сум поставувала јасна граница кога станува збор за мојот сопруг и моите деца. Ќе зборувам за нив, но нема да објавувам фотографии од нашето секојдневие. За мене, црвениот тепих е работа, а не место за покажување љубов“, изјавила Ева.

Славниот пар може да си дозволи луксузен живот, особено поради астрономските хонорари кои Рајан ги заработува во последната деценија. Сепак, тие одлучија да ги воспитуваат ќерките во духот на скромноста и да им покажат дека успехот и задоволството во животот доаѓаат преку напорна работа и посветеност – не сè треба да биде подготвено и лесно достапно.
Поучени од трагичните судбини на децата на други холивудски ѕвезди, кои често завршуваат во зависности, депресија или во потрага по сопствената вредност, Ева, Рајан и нивните ќерки живеат во двособен стан, ги делат домашните обврски и никогаш не ангажирале дадилка. Одлуката за ваков начин на живот е длабоко лична и специфична.

Ева Мендес ужива во готвењето и вели дека особено сака да го средува и чисти станот. Нејзината пасија за чистење прерасна во деловен потфат – таа стана ко-сопственик на компанија која произведува антибактериски сунѓери за чистење.
Таа вели дека миењето и чистењето имаат терапевтски ефект врз неа:
„Животот е хаотичен. Но, можам да ја држам мојата куќа и кујна под контрола. Кога мијам садови, тоа е медитативно за мене – ми носи јасност. Чистиот мијалник за мене значи чист ум“, објаснува актерката.

Тие ги воспитуваат своите деца да бидат независни и искрени.
„Сакам моите деца, кога ќе се најдат во неволја – било денес, било за 10 или 20 години – да помислат: ‘Мора да ѝ се јавам на мама!’, а не ‘О, ова не можам да ѝ го кажам на мама!“, вели Ева Мендес.

„Се трудиме да се поврземе со нив, особено во најтешките моменти, кога сме лути на нив“, признава болката што ја делат многу родители.
„Кога бевме во Лондон, одевме на мјузикли, театар, музеи, патувавме… Но сега чувствувам дека е време да ја вратиме здодевноста – и кај децата, и кај себе. Сакам кога ни е здодевно – тогаш доаѓаат идеите. Понекогаш е забавно, понекогаш опасно, понекогаш поучно, но го сакам и тоа време кога едноставно е досадно“.