ВестиПопуларно

„Мајка ми ме тераше да ги снимам додека имаат секс. Планираше да го уценува“: Шок исповед на синот на љубовницата на кралот

На фотографиите до кои дојде „Дејли Мејл“, Реј може да се види со кралот (кој абдицирал пред 10 години), како се бакнуваат и гушкаат на нејзината тераса, додека таа му сипе вино на кралот.

Фотографот Анхел Кристо од Шпанија тврди дека неговата мајка, актерка и ТВ водителка Барбара Реј, се обидела да го наговори да го уценуваат кралот на Шпанија во 1994 година. Тој тврди дека неговата мајка го присилувала да го гледа и фотографира шпанскиот крал Хуан Карлос како има секс со неа, за да заработат милиони од кралското семејство, додека тој тогаш имал само 13 години, пренесува „Daily Mail“.

Тој обид за уцена беше прикриен во 1994 година од шпанските безбедносни служби. Според приказната на Кристо, Барбара Реј го поканила кралот, кој тогаш веќе бил оженет со кралицата Софија, во нејзиниот семеен дом едно сончево попладне. Му зготвила паела, пливале и во базен, а на крајот успеала да го заведе.

На фотографиите до кои стаса „Дејли Мејл“, Реј може да се види со кралот (кој абдицирал пред 10 години), како се бакнуваат и гушкаат на нејзината тераса, додека таа му сипе вино на кралот.

„Тогаш имав само 13 години, но знаев добро да ракувам со фотоапаратот. Мајка ми мѝ рече: „Каква штета што си премногу млад за да ми помогнеш со ова. Но, би можел, зарем не?“ Таа продолжи да ме убедува додека не се согласив да го сторам тоа. Таа успеа да изманипулира со мене“, изјави Кристо за „Телеграф“, додавајќи дека тоа го смета за еден вид малтретирање.

Подоцна Кристо се скрил на имотот на соседот за да може да ја следи аферата на мајка му, а сè снимал со „Canon EOS 700“. Реј исто така скрила и видеокамера со која син ѝ ги снимал. Кристо подоцна мораше да монтира клипови од снимките за неговата мајка. Иако бил свесен дека тоа што го прави не е во ред, сакал да ѝ помогне на мајка си која била во тешка финансиска состојба.

Нејзиниот син тврди дека Реј манипулирала со шпанската тајна служба, и сакала да извлече три милиони фунти од нив. Парите и биле исплатени на рати, а првата ја добила во спортска чанта. Тогаш државата се согласила да ѝ исплаќа по 250.000 фунти годишно цели 10 години.

Иако требаше да ги уништи сите копии од фотографиите и снимките, некои од нив таа ги чуваше скриени во сеф под фотелјата на нејзиниот татко во Тотана, нејзиниот роден град, и во банкарски сеф во Луксембург. Минатиот месец Кристо продаде дел од нив на холандскиот магазин за „многу скромна сума на пари“.

Во јавноста протекоа и снимки од телефонски разговори меѓу кралот Керолс и Реј, а тој и се доверуваше и за лични работи, вклучувајќи ги и брачните проблеми со кралицата Софија.

„Немаме семеен живот помеѓу нас. Можам себично да кажам дека ситуацијата ми одговара бидејќи кралицата одлично си ја врши работата. А освен тоа, таа се помири со ситуацијата и не планира да ме остави поради друг маж“, додаде шпанскиот крал во доверлив разговор.

Откриено е и дека аферата со Реј траела повеќе од четири години, пред таа да се омажи. А потоа продолжија откако таа се разведе во 1989 година.

„Секогаш зборувавме по телефон, а дури еднаш се сретнавме кога сè уште бев во брак“, признава Реј. И покрај тоа, таа никогаш јавно не проговори за аферата со кралот, иако неколку пати повтори дека имала афера „со висок државен службеник“.

Нејзиниот син Анхел откри дека мајка му го задолжила да ја фотографира како има секс со Франко Франсис, подоцнежното момче на неговата мајка, за таа да ги продаде фотографиите на шпански весник. „Чудно е да ја гледаш мајка ти го како го прави тоа со маж“, изјави Анхел.

Откако јавно беше откриена аферата на Реј со кралот, шпанските медиуми признаа дека знаеле за тоа, но одбиле да објават што било за да не го навредат кралското семејство. Шпанија тогаш беше демократска држава само 20 години, а Хуан Карлос се сметаше за лице на модерна Шпанија, која се разликува од диктатурата на Франко.

Новинарката на Ел Мундо, Лусија Мендез изјави дека сите уживале во промените кои не сакале да ги нарушат.

„Постоеше консензус меѓу елитата, политичарите и новинарите дека на кралот треба да му се дозволи да прави што сака. Но, дури и сега е шокантно да се слушне дека тој разговарал за државни прашања со жена како Барбара Реј. Секоја личност што се однесува на таков начин претставува опасност сопствениот систем“, изјави Мендез, а пренесува „Daily Mail“.

Сепак, тоа беше само почеток на скандалите на кралот. Тој се откажа од тронот во 2014 година, откако го „уништија“ финансиските скандали и афери, а потоа се пресели во Дубаи.