Научниците открија храна која може драматично да влијае на однесувањето на децата
Децата кои јадат риба два пати неделно покажуваат подобри социјални вештини и поголема склоност да бидат љубезни, сугерира новото истражување. Експертите сега ги охрабруваат родителите да ја променат исхраната за на своите деца да им дадат најдобар можен почеток во животот. „Нашите докази јасно го поврзуваат консумирањето риба кај децата со подобар развој на однесувањето“, вели професорот по исхрана др. Керолин Тејлор за Дејли Меил.
Истражувањата покажаа дека децата кои не јадат риба се почесто себични, помалку пријателски настроени и повеќе склони кон себично однесување.
Истражувачите анализирале податоци од речиси 6.000 деца на возраст од седум до девет во Англија за да ја испитаат врската помеѓу исхраната богата со риба, однесувањето и коефициентот на интелигенција.
Резултатите покажаа дека децата кои не консумираат риба имаат 35 отсто поголеми шанси да имаат послаб развој на однесувањето на седумгодишна возраст, а тој процент се искачи на 43 отсто кај деветгодишните. Истражувањето исто така посочи дека децата кои не консумираат риба имаат помала веројатност да покажат просоцијално однесување, кое вклучува социјална интеракција, алтруизам и споделување.

Сепак, не беше пронајдена поврзаност помеѓу потрошувачката на риба и коефициентот на интелигенција.
Истражувачите се надеваат дека резултатите од оваа студија ќе ги поттикнат родителите почесто да ја вклучуваат рибата во исхраната на своите деца
Според упатствата за исхрана на NHS, децата треба да јадат најмалку две порции риба неделно, вклучувајќи барем една порција мрсна риба како лосос, скуша или сардина.
Но, истражувањето покажа дека повеќето деца не добиваат доволно риба – само 28 проценти ги јадат препорачаните две порции неделно, додека седум проценти воопшто не јадат риба.
Експертите сметаат дека малиот внес на риба се должи на претходните предупредувања за можниот ризик од загадувачи како што е живата, што создаде неодлучност кај родителите. „Кога има спротивставени информации, тешко е да се знае што е најдобро за децата“, објаснува др. Тејлор.

Истражувачите се надеваат дека резултатите од оваа студија ќе ги поттикнат родителите почесто да ја вклучуваат рибата во исхраната на своите деца. Покрај рибата, Водичот на NHS Eatwell препорачува урамнотежена исхрана богата со овошје и зеленчук, интегрални житарки, протеини, млечни производи со малку маснотии и ограничен внес на сол и заситени масти.
Експертите истакнуваат дека промените во исхраната можат долгорочно позитивно да се одразат на однесувањето и емоционалниот развој на децата.