Најмлада и најубава кралица на светот: Се започнало кога имала 7 години, љубов која инспирира
Нивната љубовна приказна е посебна и започнува кога Џетсун имал само 7 години, а Џигме 17.
Кралот на Бутан, Џигме Вангчук, се заљубил во својата сопруга Џетсун Пема, која важи за најмладата и најубавата кралица на светот.
Нивната љубовна приказна е посебна и започнува кога Џетсун имала само 7 години, а Џигме 17. Потоа и рекол дека ќе се ожени со неа, а после многу години, кога таа пораснала, повторно се сретнале и повеќе не се разделиле.

Џетсун Пема е родена во благородничко семејство и имала можност да студира во Индија и Лондон.
Нејзината убавина, добрина и модерен поглед на светот го освоија Џигме и заедно станаа симбол на новата, модерна генерација на Бутан.

Нивната венчавка во 2011 година беше исполнета со смели чинови, како што е јавен бакнеж на балконот на палатата, што беше несекојдневен момент во Бутан, бидејќи таквото однесување е невообичаено во нивната култура.
Исто така, Џигме одлучил да ја прекине традицијата на полигамијата, информирајќи ги своите родители дека Џетсун ќе биде неговата единствена сопруга, што било револуционерно во Бутан.

Џигме и Џетсун имаат три деца и нивната љубовна приказна нема скандали, само чиста и искрена љубов.

