ПопуларноСелебрити

“Најубавата” жена на светот шокираше од својот изглед: Луѓето со чудење коментираат за телото на Бела Хадид „Таа е коска и кожа, нозете и се како гранчиња“

Комбинацијата на облека ја истакна видно слабата фигура на познатата убавица.

Бела Хадид неодамна беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес. Како што пренесуваат странските медиуми, манекенката го напуштала студиото по цел ден фотографирање за модни едиторијали.

Убавицата за оваа пригода облекла лежерно издание, игнорирајќи ги фотографите на странските медиуми и случајните минувачи.

Со оглед на тоа што фотографиите на Бела стигнаа до мрежите, може да се каже дека направи погрешен чекор, а дежурните модни критичари не пропуштија прилика да го коментираат нејзиното излегување.

Имено, Бела во обичен ден облекла бела маичка и три четвртини „панталони“ кои наликуваат на пижами.

Покрај тоа, комбинацијата на облека ја истакна видно слабата фигура на познатата убавица, а во преден план беа „нозете како гранчиња“.

Оваа глетка не ја пропуштија ниту корисниците на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер). И додека некои коментираа дека е „апсолутно убава“, други изразија загриженост за линијата на Бела.

„Толку е слаба“, „Што се случува со нејзините нозе“, „Кожа и коски е“, беа само дел од коментарите.

Да потсетиме, Бела Хадид ја освои титулата најубава жена на светот во 2022 година, а пластичниот хирург Џулијан де Силва го заклучи тоа користејќи метод базиран на златниот пресек, пишува “Superwoman”.

Неодамна манекенката за малку ќе го стопеше снегот околу себе во бикини и каубојски чизми за време на нова фотосесија. Моделот на “Victoria’s Secret” (28) заслепуваше во мал дводелен костим за капење додека се тркалаше по снегот.

Бела се спротивстави на ниските температури, покажувајќи ја својата извајана фигура. Ѕвездата ги покажа своите врежави облини додека се луташе по снегот облечена во ништо друго освен каубојски чизми.