18+Популарно

Никогаш не барајте 2 работи од партнерот, ќе ја уништите врската

Во здрава врска, важно е да се почитува индивидуалноста на партнерот и да се изгради врска базирана на меѓусебно разбирање и прифаќање.

Иако компромисите се дел од секоја врска, постојат одредени барања кои можат да создадат тензија, да ја намалат довербата и да ја ослабат врската на долг рок.

Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупреди на две вообичаени грешки што ги прават паровите кога бараат нешто еден од друг – што може сериозно да ја загрози врската.

„Како терапевт за парови, често гледам дека основата на секоја врска е љубовта и взаемната грижа. Но, без оглед на блискоста, постојат одредени работи што никогаш не треба да ги барате од вашиот партнер – освен ако не сакате да создадете незадоволство, напнатост или долгорочно оштетување на врската. Ова се најголемите грешки што ги прават паровите кога поставуваат барања“, изјави тој за “Psychology Today”.

Според Бернштајн, овие две барања можат да ја уништат врската.

  1. Не барајте од партнерот да биде некој што не е

Поттикнувањето на вашиот партнер да расте е позитивно, но барањето од него да ја промени основната природа може да биде штетно.

„На пример, ако некој е интровертен и ужива во мирни викенди дома, додека неговиот партнер е екстроверт кој сака забава, постојаното инсистирање на промени може да создаде чувство на отфрлање.

„Кога се обидувате да ја промените природата на вашиот партнер, тој може да се чувствува несакан и недоволно добар“, објаснува терапевтот.

Наместо тоа, подобро е да најдете компромис – наместо да туркате, изразувањето на вашите желби на начин што покажува ценење може да помогне во зајакнувањето на врската.

  1. Не барајте од партнерот да избира помеѓу вас и некој што го сакаат

Ултиматумите, како што е барањето партнерот да го прекине контактот со пријател или семејство, може сериозно да ја наруши довербата во врската.

„Присилувањето на партнерот да избира помеѓу вас и друга важна личност во неговиот живот може да создаде долгорочна огорченост“, истакнува психологот.

„Дури и ако се согласи, може да почувствува лутина или жалење, што може да ја расипе врската. Наместо тоа, покорисно е искрено и смирено да разговарате за вашите чувства и да се обидете заедно да најдете решение кое ќе ги почитува двете страни“.

„Љубовта најдобро напредува во средина на прифаќање, почит и здрава комуникација. Наместо да го принудувате партнерот да се менува или да донесува болни одлуки, фокусирајте се на разбирање, компромис и отворен дијалог – тоа се темелите на трајна и среќна врска“, заклучил Бернштајн.