ЗабаваПопуларно

Ова е официјално најдобрата европска дестинација за 2025 година (ФОТО)

Хрватска официјално беше прогласена за дестинација број 1 во Европа, откако повеќе од милион патници од целиот свет гласаа на јавна анкета.

Хрватските туристички претставници добија престижна награда на ИТБ Берлин, еден од најголемите саеми за туризам во светот.

Во конкуренција за најпосакувана европска дестинација, Хрватска освои најмногу гласови од патниците, оставајќи ги зад себе Шпанија на второто место, Австрија на третото, Италија на четвртото и Грција на петтото место.

„Дестинација која мора да се посети“

„Оваа победа дополнително ја зацврстува Хрватска како дестинација што мора да се посети. Таа е позната по своето крајбрежје, историските градови, богатата култура, медитеранската кујна, врвните вина, тартуфите и авантуристичкиот туризам“, објави Њујорк пост.

На саемот ИТБ во Берлин, Хрватска беше промовирана преку култура, гастрономија и одржлив туризам, а посетителите можеа да уживаат во дегустации на вино и сирење, презентации и разни атракции.

Германските туристи ја сакаат Хрватска

Хрватска е меѓу десетте најпосакувани дестинации за германските туристи, а Баварија е меѓу првите три. Се очекува добра туристичка претсезона, но со претпазливост поради ценовната чувствителност на германските патници.

На најголемиот светски саем за туризам ИТБ во Берлин беше истакнато дека Хрватска нуди одличен сооднос цена-квалитет, што е клучно за привлекување гости во неизвесни економски времиња.

Брајан Кели, основач на популарниот сајт за патувања “The Points Guy”, неодамна за The New York Post изјави дека Хрватска ќе биде дестинација на годината.

„Хрватска има прекрасни плажи, острови познати по лудите забави и сето тоа го нуди по многу пониска цена од другите европски дестинации. Дефинитивно е најбараното место“, вели Кели.