Овие два сока можат да предизвикаат инфаркт! Кардиолог предупредува дека се штетни за срцето, а ги пијат и деца!
Одредени сокови кои ги консумираме секојдневно можат сериозно да го нарушат здравјето на срцето и да доведат до срцев удар.
Д-р Еван Левин, кардиолог со над 30 години искуство, откри кои пијалаци најмногу му штетат на срцето. На својот TikTok канал, каде споделува совети со доза хумор, посочи три пијалаци кои треба да се избегнуваат за да се зачува здравјето на срцето.
Газираните пијалаци претставуваат сериозна закана за срцето. „Една лименка содржи околу десет лажички шеќер, или иста количина во форма на пченкарен сируп“, предупредува Левин. Таквата количина шеќер води до зголемување на телесната тежина, нивото на триглицериди и шеќер во крвта, како и до зголемен ризик од дијабетес – сè што директно го оштетува срцето.
„Замислете дека пиете една петтина чаша чист пченкарен сируп. Токму тоа го правите секогаш кога пиете газиран пијалак“, вели тој.
Левин енергетските пијалаци ги нарекува „батериска киселина“ за срцето. Тие содржат дури 1,5 пати повеќе кофеин од кафето, и меѓу осум до дури 15 лажички шеќер или пченкарен сируп. Оваа комбинација на кофеин и шеќер претставува огромен товар за срцето. Тој посочил и трагичен пример – смрт на 28-годишна жена, страсна љубителка на вежбањето, чие срце откажало по консумација на енергетски пијалаци. Нејзината мајка потоа јавно предупредила на опасноста од овие напитоци.