ВестиПопуларно

ПИЛОТ ВО АГОНИЈА НА СРЕД ЛЕТОТ: „Непоканета патничка“ го каснала и за малку ќе го убила – еве што навистина се случило!

Пилот на авион Airbus A320 на компанијата Iberia доживеал сериозна алергиска реакција откако за време на летот од Диселдорф кон Мадрид бил каснат од тарантула – „слеп патник“ скриен во леталото.

Инцидентот се случил на 21 февруари, а веста ја пренесе Canarian Weekly.

Пилотот, кој има тешка алергија на пајаци, веднаш примил лек Урбасон, кортикостероид со противвоспалително и имуносупресивно дејство, кој бил дел од комплетот за прва помош во авионот.

Благодарение на брзата реакција на екипажот, авионот безбедно слетал на аеродромот во Мадрид, а патниците без никакви проблеми го напуштиле леталото.

Според првичната истрага, експертите сметаат дека пајакот влегол во кабината преку багажот од претходниот лет меѓу Мадрид и Казабланка. По слетувањето, авионот бил подложен на детална фумигација за да се елиминира секоја можност за опасност.

Поради ова непланирано дезинфицирање, следниот лет кон Виго, Шпанија, доцнел три часа.

Тарантулите се познати по своите долги нозе со канџи на врвовите и тело покриено со мали, иритирачки влакненца. Иако изгледаат застрашувачки, нивниот отров обично не е опасен за луѓето, поради што некои луѓе дури и ги чуваат како домашни миленици.

Овие пајаци потекнуваат од топли и тропски предели на Америка, Азија, Африка и Блискиот Исток.

Авиокомпанијата Iberia соопшти дека пилотот се опоравил и не претрпел долгорочни последици од каснувањето.