Платила за холивудска насмевка но добила ужац! Вратете ги валканите „заби“ веднаш во уста, луѓето на мрежи се крстат (ВИДЕО)
Трендот на естетско исправување на забите, особено преку поставување на мост, привлекува се повеќе луѓе, но приказната за Британката Мејзи Смит не потсетува на неочекуваните ризици од ваквите зафати во странство.
Мејзи отпатувала во Турција за да добие совршена насмевка со мостови, но процесот тргнал наопаку. Поради премногу мелени заби, таа морала да носи привремени протези додека не се завршат трајните.
Меѓутоа, при една прошетка во Турција се случи момент кој ја направи интернет сензација. Нејзините привремени заби испаднаа на улица, што го сподели на TikTok во вирално видео со повеќе од два милиони прегледи.
Во видеото, Мејси зачудено го опиша моментот:
„Замислете, одам по улица и само ми испаѓаат забите! Но, не ме фати паника. Пет секунди правило, нели?”
Наместо внимателно да ја измие протезата, Мејзи едноставно ја подигна од земја и ја врати во уста, предизвикувајќи лавина коментари – од смеа до бес.
Додека некои ја пофалија нејзината храброст да сподели нешто вакво, други го критикуваа нејзиниот нехигиенски чин. Коментарите се движеа од „Не можам да престанам да се смеам!“ до „Kако можеше да го направиш тоа?“.
Иако мостовите нудат брза патека до насмевката од вашите соништа, овој инцидент нè потсетува на ризиците поврзани со заминувањето во странство за козметички процедури. Темелното истражување и изборот на доверливи професионалци се клучни за да се избегнат проблеми како оние на Меј
зи.
Нејзиниот случај стана и предупредување и извор на забава, истовремено потсетувајќи нè дека внимателното планирање е основа за безбеден пат до совршена насмевка.