ПопуларноТехнологија

Погледнете како автомобилот на “Xiaomi” вози и паркира без возач

Терминот автономно возење најчесто се поврзува со “Tesla” и нивниот систем кој со години е инсталиран во нивните автомобили.

Илон Маск до неодамна се смееше на поимот кинески автомобили, а сега е прашање на денови кога “BYD” ќе и се закани на “Tesla” како најголем производител на електрични автомобили во светот. Слично нешто се случува и кога станува збор за автономно возење, и тоа не кај водечките кинески производители, туку кај “Xiaomi”, третиот најголем производител на мобилни телефони во светот.

Поминаа три години откако “Xiaomi” најави влез во светот на електричните автомобили, а се верува дека во следните 15 до 20 години ќе биде еден од петте најголеми производители во светот. Пристигна “SU7”, кој нуди бројни напредни системи, а сега промотивното видео откри интересен детаљ.

На видеото се гледа како “Xiaomi SU7” се приближува до катна јавна гаража. Возачот застанува на рампата, го активира системот за автономно возење и излегува од возилото. Автомобилот продолжува сам, а во еден момент налетува на “Audi A7”. Тој го избегнува ударот, се поместува и потоа продолжува на слободно паркинг место и се паркира во рикверц.

Видеото не открива дали се работи за специјално опремена гаража која е приспособена за примена на вакви системи или пак овој примерок добил збогатен софтвер со целосна мапа на гаражата. Ако целиот маневар бил изведен без посебни подготовки на возилото, тогаш тоа секако е една од највпечатливите демонстрации на вакви системи.