АвтомобилиПопуларно

Погледнете што направија од Порше (ВИДЕО)

Има тјунери за кои ништо не е свето и кои се подготвени на се, вклучително и екстремни модификации.

Porsche 911 е посебен автомобил сам по себе, еден од најпрепознатливите суперспортски автомобили кој со децении ги плени фановите ширум светот. И тоа го прави без екстремни естетски интервенции.

Сепак, испратете 911 на Mansory и ќе добиете нешто вакво назад. Веќе сме навикнати на екстремни визуелни модификации, но кога станува збор за Mansory, повторно сме воодушевени. Очигледно има и такви кои бараат такви модификации и не прашуваат за цената.

До 100 km/h за 2,5 секунди

Во конкретниот случај, Porsche 911 Turbo S кабриолетот стана P9LM Evo 900 Cabriolet, креација што Porsche не би ја направил за сите пари на светот. Визуелната преработка вклучува многу јаглеродни влакна, големи бандажи од 22 инчи, но и бројни нови додатоци за каросеријата.

Под „украсениот“ костум се уште е 3,8-литарскиот шестцилиндричен мотор, но сега темелно преработен. Опремен со нови турбини испорачува 900 КС и 1050 Nm, што обезбедува спринт до 100 km/h за 2,5 секунди со максимални 340 km/h.

Без сомнение, иако не изгледа премногу сериозно, овој автомобил е многу фит тркач.