ПопуларноСелебрити

Полицијата ја опколи вилата на Гордон Ремзи по анонимна дојава: Познатиот готвач бил жртва на измама

Полицијата го опколи домот на славниот готвач Гордон Ремзи по извештаите за пукање во неговиот дом. Познатиот кулинарски мајстор е жртва на измама која им се случила на многу познати личности.

Во вторникот, во 20 часот и 40 минути, полицијата веднаш отишла во замокот во Калифорнија во кој живее Гордон Ремзи со своето семејство. Нив ги повикал неименувано лице кое кажало дека слушнале истрели во таа куќа. Полицијата во Лос Анџелес брзо сфатила дека се работи за измама.

Соседите потврдија дека немало пукање, а извор изјавил за TMZ дека Гордон Ремзи (58) во тоа време не бил дома.

Полицијата тоа го припиша на уште еден инцидент со „swatching“ – лажен повик до службите за итна помош со цел да предизвика одговор. На овој начин, полициските сили се оддалечуваат од работа, додека во меѓувреме одејќи на местото на лажната тревога, може да бидат многу повеќе потребни на друга локација. Тоа може да има големи последици, но и да донесе трагичен крај. Пред осум години полицијата го уби свештеникот Ендрју Финч откако доби дојава дека во неговата куќа има заложници.

Гордон Ремзи се уште не се изјаснил за овој немил настан, покрената е истрага, а засега никој не е уапсен, пишува The Sun.

На почетокот на овој месец, Ники Минаж беше жртва на ваква измама, по извештаите за пукање во нејзиниот дом. Том Круз доживеа нешто слично во 2013 година поради повикот дека се случил вооружен грабеж во вилата на актерот. Ријана, Џастин Бибер и Крис Браун се на листата на оние кои доживеале „swatting“ шок.

Домот на републиканската политичарка Ники Хејли беше претресен минатата година по лажен повик во Јужна Каролина. Соработниците на Доналд Трамп беа соочени со закани за бомби и разни други прозивки во 2024 година.